Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи

t

Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи на страницата vakcinacija.mk

Министерството за здравство информира дека од денес, преку веб страницата – vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население. Со цел да се обезбеди заштита кај поголем број лица од сезонски грип, оваа година Министерството за здравство ја зголеми количината на набавени вакцини, при што се набавени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.

Со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:

– Стари лица (над 65 години)

– Лица со хронични заболувања

– Здравствени работници

– Бремени жени

– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години

– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица

Вакцинацијата се планира да почне да се спроведува во втората половина на месец октомври. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.

Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк:

https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години,…

Четиригодишно дете е најмладиот примател на годишен…

МЕПСО бара зголемување од 97% на цената…

МЕПСО бара зголемување од над 97 проценти…

Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски утре, 22…

Осум новозаразени со ХИВ/СИДА во септември, евидентирани…

Осум нови случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани…