Објавено на:

Кинескиот претседател се сретна со делегација американски сенатори

t

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со делегација сенатори од САД, предводена од лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер, јавија странските агенции.

Во последниве месеци, Кина и Соединетите Американски Држави, кои се спротивставени по низа прашања, го обновија дијалогот преку серија посети на високи американски функционери во Пекинг со цел да се обидат да ги намалат разликите.

Односот меѓу Пекинг и Вашингтон е од клучно значење за иднината на човештвото, нагласи кинескиот претседател.

„Односите меѓу Кина и Соединетите Американски Држави се најважни во светот. Како Кина и САД се согласуваат во еден свет опфатен со немири ќе биде одлучувачко за иднината и судбината на човештвото“, му рекол Си на Шумер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…