Арсовска ги зголеми платите во Град Скопје за десет проценти!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук објави дека платите во Градот се зголемуваат за десет проценти по потпишувањето на колективниот договор со репрезентативниот синдикат на Градот.
– Потпишан колективен договор со репрезентативниот синдикат на Град Скопје со кој платите се зголемуваат за 10 проценти. Неопходно е вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да ги испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа, затоа го остваруваме ветеното за усогласување и зголемување на платите на вработените во Град Скопје и јавните претпријатија.
Пред неполни две години на почетокот на мандатот ја поддржавме иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпишавме нов Колективен договор со кој се проширија правата на вработените, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите. Дополнително во 2022 година Град Скопје беше првата единица на локална самоуправа која ги зголеми линеарно платите за 2800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува зголемување за над 6000 вработени. – напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…