Нетанјаху се закани: Хамас е ИСИС, нашата офанзива тукушто почна, а ќе ја паметат генерации!
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел штотуку започнал офанзива против Појасот Газа, што е одговор на нападот на палестинската група Хамас врз неговата земја.
„Ние само што почнавме да го напаѓаме Хамас. Она што ќе им го направиме на нашите непријатели во наредните денови ќе се памети со генерации“, рече Нетанјаху во обраќањето до нацијата, додавајќи дека сите територии каде што дејствува Хамас „ќе се претворат во урнатини“.
Тој изјави дека злосторствата извршени од Хамас не се видени уште од ДАЕШ (т.н. Исламска држава, ИСИС).
„Отсекогаш знаевме што е Хамас. Сега светот знае. Хамас е ИСИС“, рече Нетанјаху, додавајќи дека одреден број терористи се уште се на територијата на Израел, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху нагласи дека оваа војна е наметната од „страшен непријател“.
Граѓани на Израел, ние сме во третиот ден од оваа војна“. Се бориме за нашиот дом и за нашата егзистенција“, рече тој.
Премиерот на Израел ја повика опозицијата да се приклучи на владата на национално единство „без предуслови“, додавајќи дека претстојат тешки денови за земјата.
Тој посочи дека има пет главни теми со кои ќе се работи во наредниот период: поразот на терористите кои се уште се во Израел; подготовка на масовна офанзивна операција во Газа; одржување на мирот на други фронтови; продолжувајќи да собира меѓународна поддршка за операцијата и обединувањето на земјата.
„Поделбите меѓу нас завршија. Сите сме обединети, а кога сме обединети, тогаш победуваме“, рече Нетанјаху.
Тој им се заблагодари на сите светски лидери, а особено на американскиот претседател Џозеф Бајден за поддршката.
Нетанјаху повторно ги демантираше медиумските извештаи дека Израел добил предупредување од Египет дека ќе се случи напад на Хамас и повика да се прекине ширењето на лажни вести, јави Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Шефот на израелските одбранбени сили: Правиме историја,…
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Израел се заканува дека ќе го „елиминира“…
По најновиот бран ирански ракетни напади, израелскиот…