Скопје е најевтиниот европски главен град за „дигитални номади“ во Европа

t

Скопје е најевтиниот европски главен град за „дигиталните номади“, според кредитната компанија „Нортон Фајнанс“. Македонската престолнина е опишана како туристичка дестинација што вреди да се посети пред сѐ поради неговите археолошки локалитети и одличната храна.

Списокот земји што нудат визи за престој се зголемува, но секоја од нив има различни барања. Анализирајќи различни услови, кредитната компанија „Нортон фајнанс“ од Велика Британија спроведе истражување за најевтините европски главни градови за живот на „дигиталните преселници“.

Јавниот превоз, исто така, е една од причините зошто Скопје е така погодно за удобен живот, бидејќи месечниот билет за превоз во градот, на пр. е осум пати поевтин од оној во Лондон.

На место бр. 2 е Сараево, главен град на Босна и Херцеговина, а трет е Кишињев, во Молдавија. Следат Софија, Бугарија; Букурешт, Романија; Белград, Србија; Будимпешта, Унгарија; Варшава, Полска; Вилнус, Литванија и Рига во Латвија.

Стручњаците на компанијата ги процениле и рангирале земјите врз основа на просечните трошоци за домување, наем, комунални услуги, превоз, храна, вежбалници, интернет, како и трошоците за повратни летови од Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На ГАК годишно се раѓаат од 600…

Ноември е месец посветен на предвремено родените…

Отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола…

Од денеска се отворени шалтерите на АЛТА…

ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…

Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…

30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…