Страшно… Една третина до младите страдаат од накаков вид на психичко растројство

t

Депресијата станува едно од најтешките растројства што го инвалидизираат човекот. Депресијата е прва од петте растројства што прави човекот да не може сам да се грижи за своите потреби.

Професорката Славица Арсова од Клиниката за психијатрија објаснува дека скоро 30% од тинејџерите страдаат од депресија. Младите луѓе според направените истражување кај група на адолесценти, бремени жени, породени жени и возрасни граѓани покажале дека една третина имаат знаци на депресија и анкцсиозност. Многу важно според Арсова е во која фаза ќе се открие состојбата и колку семејството општеството е подготвено да помогне.

„Многу е важно семејството средината, доколку индивидуата има семејство кое нема близина не дава поддршка тогаш проблемот останува и се продлабочува. Доколку има семејство каде се прифаќа состојбата, и близок со човекот кој има депресија побрзо ќе се побара помош и таа личност ќе има подобар живот и ќе биде самостојна“, вели проф.д-р Славица Арсова Клиника за психијатрија.

Голем печат во живеењето и психолошкото здравје остави и ковид пандемијата. Психјатрите велат дека најмногу на удар биле адолсецентите, бремените жени. Она што е добро е што во дневната болница во клиниката еднаш неделно има група за поддршка на мајки и бремени жени каде има голем успех. Мотото на Светскиот ден на менталното здравје е „Нашето психичко здравје – Наше право!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На ГАК годишно се раѓаат од 600…

Ноември е месец посветен на предвремено родените…

Отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола…

Од денеска се отворени шалтерите на АЛТА…

ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…

Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…

30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…