Земјотрес со јачина од 6,3 степени повторно го погоди Авганистан- илјадници луѓе загинаа во последователните потреси
Нов силен земјотрес утрово го погоди западниот дел на Авганистан.
Минатата недела во земјотресот во таа област загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а многу села беа срамнети со земја.
Нов земјотрес со јачина од 6,3 степени е регистриран на околу 28 километри надвор од Херат, главниот град на истоимената провинција, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).
Епицентарот на претходниот земјотрес, во саботата, беше на околу 40 километри северозападно од главниот град на провинцијата Херат, а имаше и неколку силни последователни потреси, вклучувајќи го и земјотресот со јачина од 6,3 степени во саботата.
Талибанските власти соопштија дека повеќе од 2.000 луѓе загинале во провинцијата Херат за време на претходните потреси. Тие подоцна објавија дека илјадници луѓе загинале и се повредени во последователните потреси, но не дадоа детални информации.
Засега нема информации за последиците од денешниот земјотрес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…