Поранешен лидер на Хамас ги повикува соседните земји на војна против Израел!
Поранешниот лидер на Хамас, Калед Мешал го повика муслиманскиот свет да протестира в петок за поддршка на Палестинците и соседните земји да се приклучат на војната против Израел.
„В петок мораме да одиме на плоштадите и улиците на арапскиот и исламскиот свет“, рече Мешал, кој моментално ја води канцеларијата на дијаспората на Хамас, во порака испратена до западни новински агенции.
Тој изјави и дека владите и народите на Јордан, Сирија, Либан и Египет имаат голема должност да ги поддржат Палестинците.
„Ова е моментот на вистината, вие сте блиску до границите и сите знаете каква е вашата одговорност“, рече Мешал, кој се наоѓа во Катар.
Јордан и Либан се земјите со најголем број палестински бегалци.
„За сите оние кои предаваат џихад… за сите оние кои предаваат и учат, ова е моментот да се применат (теориите)“, рече високиот претставник на Хамас.
Мешал го упати повикот кога Израел најави дека ќе го засили својот одговор на нападот на палестинската група со преземање копнена офанзива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…
Двајца израелски војници се убиени во Јужен…
Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…
Одборот за мир – иницијативата предводена од…
Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…