Германија одобри Израел да употреби нејзини дронови во конфликтот против Хамас
Германија му даде зелено светло на Израел да користи два од нејзините борбени дронови Херон ТП во нападите врз Појасот Газа.
Германското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека го одобрило израелското барање за употреба на беспилотни летала во борбата против исламистичката група Хамас, јави ДПА.
Германските вооружени сили, Бундесверот, моментално изнајмуваат пет од дроновите од израелски производител на оружје. Два од нив се во Израел, каде германските војници се обучуваат да ги користат.
Германскиот весник „Шпигел“ објави дека Израел ја прекинал обуката на германските пилоти додека беспилотните летала се прераспределуваат.
Според извештајот, 16-те пилоти кои биле на обука треба да се вратат во Германија за време на викендот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…
Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…
Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…
Во пожар кој избувнал вчера во селото…
Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…