Нема да избегам ако ги изгубам изборите, секој затвор во Србија ми е поубав од сонцето било каде во светот, вели Вучиќ
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли тврдењата на опозицијата дека ќе ја напушти Србија ако ги изгуби изборите, јавуваат српските медиуми.
За време на посетата на винаријата Цветковиќ во Стањево во близина на Александровац, Вучиќ рече дека нема причина да избега од земјата и ги пофали резултатите од неговата влада.
„Велеа дека ќе избегам, дека ќе се сокријам. Зошто да бегам, бидејќи ја изградив Србија, заедно со други луѓе, на начин што никој во нејзината историја никогаш не изградил, дека го изградив Белград на начин што никој никогаш не го изградил“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека е штета што Демократската партија, која ја опиша како некогаш голема партија со бројни интелектуалци, денес е сведена на луѓе како Срѓан Миливојевиќ – нејзиниот претседател.
Вучиќ оцени дека опозицијата однапред знае каков ќе биде резултатот од изборите и затоа, како што тврди, „се жали“.
„Секој затвор во Србија ми е поубав од сонцето на кое било друго место во светот. Немам ништо никаде, ниту куќа, ниту вила, ниту ништо, ниту пари, ниту отворени сметки. Ме интересира само мојата Србија, во неа сум роден, во неа ќе умрам, борејќи се за неа“, рече Вучиќ.
За време на посетата на Расинскиот округ, Вучиќ се осврна и на положбата на Србите на Косово. Тој рече дека Србија ќе ги употреби сите дипломатски и мирни средства за да го заштити српското население.
„Гледаме да се бориме со сите дипломатски и мирни средства за да го зачуваме нашето население. Во овој момент не ни е потребен конфликт со НАТО, но нема да дозволиме погром и протерување на нашето население“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уредникот на Информер ќе биде задржан поради…
Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник…
Бомба фрлена врз куќата на директор на…
Рано утринава експлозивна направа била фрлена врз…
Вукелиќ тврди дека уредникот на Информер бил…
Заменик-главниот уредник на „Информер“, Дејан Вукелиќ, се…
Уапсен главниот уредник на ТВ „Информер“, Драган…
Во Белград денеска е уапсен главниот и…
„Македонија е и секогаш ќе биде дом…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски имаше средба…