Правеа работи кои не можам ни да ги изговорам: Келнерка од фестивалот на смртта на кој упадна Хамас се надева дека терористите не се живи
Илјадници милитанти на Хамас упаднаа на настан, пукајќи на цивили и земајќи луѓе за заложници.
Најмалку 260 тела се пронајдени на локацијата, а многумина се сметаат за исчезнати.
Хила Факиро била бармен на фестивалот на смртта и рекла за Скај њуз дека нападот почнал така што ракети им летале над глава, а луѓето барале засолниште.
Објаснила како лежела на земја половина час пред да оттрча до својот автомобил во обид да избега. За жал и го затвориле патот и таа го оставила автомобилот и побрзала да се сокрие.
Кога се свртевме, видовме повеќе од 20 терорости облечени во црно, како пукаат насекаде. Пукаа на се. Ако беше жив, наскоро ќе беше мртов – рекла таа.
На крајот трчала четири часа без вода, се додека не ги здогледала припадниците на изралеската полиција и војниците.
Додека се обидувала да стигне до своите пријатели, видела снимка на социјалните мрежи, на кој една од нејзините пријателки е убиена.
Терористите седеа на неа, ја силуваа и правеа многу работи кои не можам ни да ги изговорам – додала таа.
Знам четири лица кои умреа и двајца пријатели кои се исчезнати. Мразам тоа да го кажам, ама се надевам дека не се живи, бидејќи не знаете што се прават- рекла девојката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…