Скалони: Меси ќе игра против Парагвај само ако е целосно подготвен

t

Селекторот на аргентинската репрезентација Лионел Скалони изјави дали напаѓачот Лионел Меси е подготвен да учествува на утрешниот натпревар од 3. коло од јужноамериканската квалификациска фаза за Светското првенство 2026 со Парагвај.

– Имаме уште тренинзи пред натпреварот со Парагвај, ова е важно за Лео. Внимателно го следиме. Ќе имаме уште време да разговараме дали Меси ќе биде подготвен за настап. Треба да видеме како ќе се чувствува. Пет дена по натпреварот со Парагвај ќе имаме средба со Перу. Она што ме смирува е дека ако Лео не е во форма, кој и да биде на теренот на негово место, ќе си ја исполни задачата. Ова е најважно, изјави Скалони за официјалната веб-страница на Аргентинската фудбалска асоцијација.

Со оглед на тоа што Интер Мајами не избори пласман во плејофот на МЛС-лигата, на Меси до февруари му остануваат само натпреварите со репрезентацијата.

Оваа сезона Аргентинецот одигра 13 натпревари за Интер Мајами, постигнувајќи 11 гола и пет асистенции. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…