Објавено на:

(Фото) Израел се подготвува за голема војна – подземните паркинзи во југот на државата претворени во болници!

t

Подземните паркинзи во градовите во јужен Израел се претворени во теренски болници во пресрет на копнената операција на израелската армија против Хамас во Појасот Газа.

Еврејската држава распореди 35 батаљони на границата со Газа и ракетираше над 200 цели на Хамас. Билансот на жртви на двете страни надмина 1,700, од кои над 900 се израелски. Израел соопшти дека целата нејзина територија е исчистена од терористи и дека пронашла 1.500 тела на припадници на Хамас, кои во саботата упаднаа во земјата.

-Сите знаеме кој е Хамас. Не се потребни зборови. Хамас е ИСИС. (Исламска држава). На крајот од оваа кампања, сите наши непријатели ќе знаат дека беше сериозна грешка да се нападне Израел. Она што ќе им го направиме на нашите непријатели во наредните денови, ќе одекне со генерации. , изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Појасот Газа, кој брои над два милиона жители, втор ден е под израeлска опсада, без храна, вода, струја и гориво. Израел ги повика Палестинците да заминат кон Египет, низ чиј граничен премин единствено може да се излезе од појасот. Досега домовите ги напуштија 200 илјади луѓе.

-Ниту сме сигурни, ниту безбедни. Дали ова е живот, не, не е живот. , изјави жител на појасот Газа.

Обединетите Нации побараа итно да се отвори хуманитарен коридор поради неопходност од лекови и основни намирници.

-Јас ги разбирам легитимните безбедносни грижи на Израел, но сакам да го потсетам Израел дека воената операција треба да биде согласно меѓународното хуманитарно право. , изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

Четири дена по нападите врз Израел се огласи и иранскиот врховен водач, Ајатолахот Али Хамнеи, кој негираше каква било поврзаност на техеран со операциите на Хамас.

-Овој деструктивен земјотрес уништи критични структури во Израел. За оваа катастрофа се виновни самите постапки на ционистичкиот режим. , изјави Али Хамнеи, врховен водач на Иран.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…

Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…

Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…

Во пожар кој избувнал вчера во селото…

Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…

ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…

Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…