(Фото) Царинска управа: Запленети четири златни алки со вредност од 586 илјади денари

t

Запленети се четири златни алки вредни 586.224 денари со вкупна тежина од 77,5 грама, откако истите се пронајдени во женска чанта при детална контрола на патничко возило на граничен премин Богородица на влез во државата. Патничката која патувала како совозач не ги пријавила алките кај царинските органи, извести Царинската управа.

– Имено таа заедно со возачот и уште четири лица на влез во државата на прашањето дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо, велат од Царинската управа.

Против лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ казниво по член 278 од кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…