Објавено на:

Блинкен разговараше со мароканскиот МНР: Мароко поддржува палестинска држава согласно договорот од 1967

t

Насер Бурита, министер за надворешни работи, африканска соработка и Мароканци кои живеат во странство, одржа телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот на разговори околу напорите за спречување на ескалација на конфликтот во регионот на Блискиот Исток.

Ова го соопшти Министерството за надворешни работи на кралството Мароко.

Бурита ја изрази „подготвеноста на Мароко да се приклучи на какви било арапски и меѓународни напори насочени кон остварување на аспирациите на палестинскиот народ за воспоставување независна држава со источен Ерусалим како главен град во границите од 4 јуни 1967 година, во согласност со решението за две држави (палестинска и израелска), како што е меѓународно договорено“.

„Разговарав со министерот за надворешни работи Насер Бурита. Разговаравме за ужасните напади на Хамас врз Израел, напорите на Мароко да спречи регионална ескалација и посветеноста на кралот Мохамед Шести за мирот и безбедноста“, напиша Блинкен на социјалните мрежи Х.

Мароканските власти традиционално посветуваат зголемено внимание на случувањата во зоната на конфликтот на Блискиот исток, вклучувајќи ја и ситуацијата околу Ерусалим. Кралот Мохамед Шести е претседател на Ерусалимскиот комитет на Организацијата за исламска соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…

Канцеларијата за контрола на странски средства при…

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Катар ќе има одделни разговори за прекин…

Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…