Франција ја подигна безбедносната тревога во земјата на највисоко ниво
Франција ја подигна безбедносната тревога на највисоко ниво, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин за TF1.
Тој рече дека постои сомнеж поврзаност меѓу нападот со нож во Арас и ситуацијата на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас, пренесе БФМ ТВ.
„Според нашите информации, за жал, постои поврзаност меѓу она што се случи на Блискиот Исток“, објасни тој.
Францускиот министер за внатрешни работи, говорејќи за TF1, рече дека властите мора да бидат уште поостри кон радикализираните луѓе во Франција.
Медиумите претходно објавија дека напаѓачот, кој уби едно лице и рани неколку други во гимназијата во градот Арас, пред инцидентот извикал „Алаху Акбар“, но полицијата се уште не го потврдила тоа.
Според полицијата, напаѓачот е по потекло од Чеченија и бил во полициската евиденција, јави Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…