Груевски сѐ уште е кошмар во СДСМ: Ќе го апселе ако се врати во Македонија

t

Во оној момент кога Никола Груевски ќе стапне во Македонија, ќе издржува казна затвор, рече пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, коментирајќи ја изјавата на Бујар Османи дека најдобро би било Груевски да се врати во земјава бидејќи знае се за неа, а се наоѓа надвор од неа.

-Никола Груевски во оној момент кога ќе стапне во нашата држава ќе издржува казна затвор согласно конечни позитивни судски пресуди – вели Каевски.

Неодамнешната анкета на Фокус покажа дека Груевски има повисок рејтинг од Мицкоски и е меѓу политичарите со највисок рејтинг иако со години е надвор од државата.

Како што можете да видите, анкетата покажува дека Мицкоски има рејтинг од 10,5, а Груевски од 11,1 процент.

После анкетата на ИРИ, ова е второ истражување кое покажува повисок рејтинг на Никола Груевски во однос на Христијан Мицкоски, но и во однос на Ковачевски. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…

Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…