Се скарале па пукале во него: 21-годишно момче вчеравечер е убиено на бензинска пумпа во Суботица
Во Суботица синоќа нешто по полноќ се случила трагична пресметка меѓу две групи млади момчиња во која со пиштол е убиен 21-годишниот Филип З. од Суботица (2002).
Трагичниот конфликт се случил нешто по полноќ, на патот Сегед, кај бензинската пумпа. Полицијата веднаш реагирала, бидејќи полициската станица е на само неколку стотини метри од местото на пресметката, но за несреќниот Филип веќе било доцна, тој веќе починал на пат кон болницата во Суботица.

Вербалниот конфликт меѓу двете групи момци започнал на бензинската пумпа, каде се судриле четворица млади, а потоа дошло до физичка пресметка. По тепачката влегле во два автомобили и, како што дознава „Курир.рс“, продолжиле да возат кон центарот на Суботица, кога младите од едниот автомобил пукале со огнено оружје кон младите кои биле во другото возило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Обвинение за бруталното убиство во Кавадарци: Ја…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
Продолжува судењето за убиствата на Вања и…
Денеска во Кривичен суд треба да продолжи…
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…