Нетанјаху се сретна со семејствата на заробените од страна на Хамас: Ги уверил дека работи на нивно ослободување
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оствари средба со челнови на семејствата на лицата заробени од Хамас и ги уверил дека работи на ослободување на заробениците.
„Нетанјаху им кажал на семејствата дека една од целите на војната е враќањето на заробениците и исчезнатите“, соопштија од неговиот кабинет.
Во саботата, шефот на Советот за национална безбедност Цачи Ханегби рече дека „Израел нема да води преговори со непријателот што ветивме дека ќе го избришеме од лицето на земјата“.
Како одговор, форумот за семејства издаде изјава во која ја критикува владата дека „ефикасно кажа дека ги напушта своите граѓани кои се киднапирани“.
По денешната средба, семејствата велат дека прифаќаат „појаснување“ од Нетанјаху дека изјавата на Ханегби не го претставува неговото мислење за ова прашање.
Семејствата велат дека барале да се истражат сите патишта, вклучително и преку контакт со Хамас, лидерите на арапските земји и други личности „со цел да се доведе до нивно итно ослободување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел до Хамас: Прифатете го предлогот на…
Израел го повика палестинското исламистичко движење Хамас…
Ројтерс: Хамас се согласи на прекин на…
Хамас се согласи со предлогот на американскиот…
Нетанјаху: Израел веројатно го уби лидерот на…
Израел веројатно го убил лидерот на Хамас,…
Хамас ќе го ослободи последниот преживеан американски…
Хамас денес објави дека ќе го ослободи…
Вооруженото крило на Хамас објави видео со…
Вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Хамас…