Израелската војска објави „потерница“ по лидерот на Хамас, опишувајќи го како убиец

t

Израелските одбранбени сили (ИДФ), на своите официјални социјални мрежи објавија видео на кое се гледа првиот човек на Хамас, Јахја Синвар, личност на израелската „листа за отстрел“.

Во кратко видео, ИДФ прикажа делови од говорите на Синвар во кои се споменува борбата на Хамас против Израел.

“Убиец баран од израелските безбедносни служби. Јахја Синвар е лидер на Хамас во Газа. Синвар е против дипломатските врски со Израел. За него геноцидот е единственото решение. Идеологијата на Хамас ги одразува намерите на ИСИЛ и Ал Каеда. Синвар активно работеше на бројни напади на територијата на Израел“, соопшти ИДФ.

Пред неколку дена портпаролот на израелската армија зборуваше за Синвар и рече дека ИДФ има специјална задача да го убие Синвар.

„Како де факто владетел на Газа, Синвар е највисокиот функционер на Хамас во Газа. Тој е најмоќниот лидер од Исмаил Ханије, а ја презеде функцијата во 2017 година“, пишува Бизнис инсајдер.

Во 2015 година, американскиот Стејт департмент го прогласи Синвар за терорист.

Израелските власти, и во опозицијата и во власта, го опишаа Синвар како „новото лице на злото“.

“Тој човек ни е на нишан. Тој е мртов човек кој оди, а ние ќе стигнеме до него. Тој ја изгради својата кариера на убивање Палестинци кога сфати дека тие се колаборационисти. Така стана познат како месарот на Кан Јунис”, изјави за Њујорк Тајмс потполковник Ричард Хехт од израелската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора очекува до крајот на годината…

Црна Гора очекува до крајот на годината…

Мицкоски во ексклузивно интервју за Брајтбарт: Американски…

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во…

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…