Македонија со осум нови играчи ќе ја напаѓа Ерменија – познати се составите

t

Благоја Милевски и Олександр Петраков, селекторите на Македонија и Ерменија, ги одредија стартните состави за пријателскиот натпревар кој ќе се игра во Струмица.

Македонија ќе игра во комбиниран состав, а на оваа контролна средба шанса ќе имаат да се докажат играчи кои не добиваат голема минутажа. Ќе отсуствуваат повеќе првотимци, девет различни играчи ќе бидат на теренот од оној тим со Украина, ќе ги нема Димитриевски, Манев, Ашковски, Елези, Атанасов, Барди, Алиоски и Миовски во стартниот тим.

МАКЕДОНИЈА (3-5-2): Шишковски; Иљазовски, Серафимов, Муслиу; Димоски, Алими, Адеми, Митровски, Трајковски; Ристовски, Елмас

ЕРМЕНИЈА (4-3-3): Чанчаревиќ; Арутиуниан, Харојан, Восканјан, Тикнизјан; Хофханисјан, Иву, Дашјан; Серобјан, Бичакчјан, Ранос

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија е закажан на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, стартува од 15:00 часот, а ќе биде тринаесетта меѓусебна средба на двете селекции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…