Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство, се согласиле сите закони во иднина да се шверцуваат со ЕУ знаменце

t

Говор на претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев за измените на собранискиот Деловник:

,,На тие средби со странските амбасади каде што вие сте класични ВАЗАЛИ, без разлика дали вие сте меинстрим опозиција или власт, вас ве лажат „не“ СДС – ДПМНЕ ќе дојде на власт „не“ ДПМНЕ – СДС ќе дојде на власт, и затоа вие со нивен амин и благослов се втурнавте во ваков процес, којшто според наша оценка е душмански и антиопозициски.

СДС веќе се декласирана партија, за нив не вреди ни зборови да употребуваме. Тука се гледа влијанието, односно „дилот“ којшто го има ДПМНЕ со ДУИ во ситуацијава за да донесат ваков одвратен Деловник, којшто во иднина на сите нас ќе ни се удри од глава, затоа што верувајќи на овие странци дека ќе ве донесат на власт, си пукате во колено.

Левица, со цел да не испадне дека само ние сме „црни ѓаволи“, не дава бланко поддршка и ќе учествува конструктивно со поднесување на суштински амандмани.

Ние како Левица свесно се самоисклучивме од овој процес затоа што е принципелно неприфатлив за нас, да имаме странски патронат за едно такво значајно прашање.”

Линк од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…