(Фото) Петровска на средба со директорот за одбранбено планирање на НАТО

t

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска се сретна со директорот на директоратот за одбранбено планирање во Алијансата, Карл Форд кој заедно со неговиот тим учествува на редовните билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО- Алијансата.

На состанокот, министерката Петровска порача дека Македонија е посветен и активен НАТО сојузник кој дава суштински придонес во рамките на колективната безбедност.

„Со придонесот во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Романија и Бугарија македонската Армија ја зацврстува колективната безбедност и безбедноста на секој граѓанин на Алијансата. Ние остануваме посветени и на регионалната безбедност кон која придонесуваме преку нашето учество во мисијата на НАТО на Косово, КФОР“, рече министерката.

Петровска додаде дека Македонија ќе продолжи да инвестира во својата Армија, а доказ за тоа е фактот дека следната година 2 проценти од бруто-домашниот производ ќе бидат одвоени за одбрана, од кои една третина за модернизација и опремување.

Директорот за одбранбено планирање Форд го поздрави придонесот на Македонија кон колективната безбедност, а особено во рамките на мултинационалните сили на НАТО во источното крило.

За време на билатералните консултации, кои вчера и денеска од страна на Министерството за одбрана ги предводеше државниот секретар Владимир Анчев, се разговараше за напредокот во имплементацијата на доделените НАТО цели на способности во рамки на повеќе области како одбранбената политика, финансиите, копнените сили, логистиката, воздухопловните сили, специјалните сили, капацитетите за стабилизација и реконструкција како и цивилната подготвеност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…