Опасен тригер за помасовен конфликт: Анализа на професор Хаџи-Јанев за нападот врз болницата во Газа

t

Сегашната ситуација отвора опасност за вклучување и на други држави во судирот, па дури и глобализирање на конфликтот, смета генералот и професор Методи Хаџи-Јанев со кого разговаравме за можните последици од нападот врз болницата во Газа

Двете страни ќе имаат своја интерпретација на овој настан и е опасно дека можат да го искористат за тригер за глобализирање или за омасовување на конфликтот, вели генералот и професор за безбедност, Методи Хаџи-Јанев во изјава за Гласот на Америка.

Од него побаравме да ги протолкува последиците од нападот врз болницата во Газа каде, според изјавите на министерството за здравство во Газа, загинале 500 лица.

Ова може да биде сериозен проблем, зашто двете страни сега ќе се обвинуваат кој всушност го сторил тоа, а со цел да се освои светската јавност“, вели Хаџи-Јанев, кој додава дека трагедијата на секоја војна е токму страдање на невиното и на цивилното население.

Професорот смета дека никој нема да ја добие војната на тврдење кој го извршил нападот.

„Израел и сојузниците ќе продолжат да тврдат дека тоа е Хамас или залутан проектил, oдносно, несоодветно испален проектил на групација којашто е блиска до Хамас. Гласноговорникот на израелската армија веќе посочи кон исламски џихад“, посочува Хаџи-Јанев.

Професорот укажува и на борбата преку споделување слики од нападот со цел да се поттикне масовност во конфликтот.

„Гласноговорниците и троловите, како и големата поддршка што (Хамас) ја уживаат во арапскиот, и пред сè во муслиманскиот свет, споделуваат пред сè видеа со кои имплицираат одговорност кај Израел“, вели Хаџи-Јанев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…