Нејмар се повреди, плачејќи на носилки беше изнесен од теренот!
На мечот против Уругвај, Нејмар заработи тешка повреда поради која предвреме го заврши натпреварот, Бразилецот на носилки беше изнесен од теренот.
Поразот од Ургувај не беше единствениот удар за Бразил, се повреди и главната ѕвезда на Бразилците, Нејмар.
Во финишот од првиот дел, Нејмар се повреди по еден дуел со Николас де ла Круз. Бразилецот не можеше да ги сокрие солзите, плачејќи беше изнесен од теренот.
Повредата е на коленото, допрва ќе се знае за што точно се работи, дали се лигаменти, менискус или можеби е само силен удар. Ако биде потребна операција, можна е пауза од шест до девет месеци. Копа Америка почнува за осум месеци.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…