Италија воведува гранични контроли со Словенија поради зголемена закана од тероризам
Италија денеска соопшти дека ќе го суспендира договорот за отворена граница со соседна Словенија, наведувајќи ја зголемената закана од тероризам во Европа поради конфликтот на Блискиот Исток.
Десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони соопшти дека властите во североисточната погранична провинција Фруланија-Јулиска Краина од почетокот на годината идентификувале 16.000 луѓе кои илегално влегле во Италија преку границата со Словенија, последната станица на балканската рута која некои мигранти ja користат за да стигнат до Западна Европа.
Со 140.000 мигранти кои пристигнаа во Италија по море оваа година, бројот на илегални влегувања е зголемен за 85 отсто во споредба со 2022 година.
Италијанската Влада најави дека ќе ги врати граничните контроли од 21 октомври, на 10 дена.
Владата соопшти и дека антитерористичкиот комитет на Министерството за внатрешни работи ја испитува ситуацијата и дека тоа ја „потврдува неопходноста“ од зајакнување на италијанската граница.
Италија и Словенија се меѓу 26-те земји кои припаѓаат на Шенген зоната, најголемата зона за слободно патување во светот. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Одиме на Солун“ – Гужви на ГП…
Продолжениот викенд повторно ги насочи македонските граѓани…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста,…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитка по повод…
Трамп навреди новинарка поради прашање: „Глупава си,…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата вербално…