Лавров и се заблагодари на Северна Кореја: Високо ја цениме вашата недвосмислена поддршка

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и се заблагодари на Северна Кореја за поддршката на руската инвазија на Украина, за време на официјалната посета на таа земја, која САД ја обвинуваат за вооружување на Москва.

„Високо ја цениме вашата принципиелна и недвосмислена поддршка за руските акции како дел од специјалната воена операција во Украина“, рече Лавров, пренесе Риа Новости.

Тој се заблагодари и за признавањето на руската анексија на четири украински региони. Северна Кореја е единствената во светот што го направила тоа.

Лавров рече дека неговата дводневна посета на Северна Кореја е можност да се „дефинираат практични мерки за целосно спроведување на договорите“ постигнати за време на посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на Русија во септември.

Лавров ќе ја подготви и посетата на Путин на Северна Кореја, изјави за Тасс портпаролот на Кремљ.

Самитот меѓу Ким Џонг-ун и Владимир Путин ги зголеми стравувањата на Западот дека Северна Кореја ќе и даде оружје на Москва.

САД во петокот објавија дека тоа веќе се случува.

Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, изјави дека Северна Кореја во последните недели испратила „повеќе од илјада контејнери“ со воен материјал и муниција во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За пет часа санкционирани 75 возачи поради…

Вкупно 75 сообраќајни прекршоци за непочитување на…

(Видео) Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска на…

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски,…

Блумеберг: ЕУ бара од Украина напредок во…

Претставници на Европската Унија ѝ порачаа на…

„Дипсик“ меѓу компаниите поканети на седница на…

Кинеската компанија за вештачка интелигенција „Дипсик“ е…

Четири држави застанаа зад правото на Саудиска…

Министрите за надворешни работи на Турција, Египет,…