Бајден: Палестинските терористи мора да научат да пукаат право
Еден ден по експлозијата пред болницата во Газа, претседателот Џо Бајден им рече на новинарите дека палестинските терористи „мора да научат како да пукаат право“, пишува New York Post.
„Не сугерирам дека Хамас го направи тоа намерно“, рече претседателот на аеродромот Рамштајн во Германија на враќање во Вашингтон по посетата на Израел.
„Тоа е она старото: Тие мора да научат како да пукаат право“, продолжи Бајден. „Не е првпат Хамас да лансира нешто што не функционира добро“.
Хамас, кој владее со Газа, во вторникот го обвини Израел за воздушен напад во кој загинаа околу 500 луѓе. Нападот предизвика немири низ Блискиот исток и го принуди Бајден да го откаже планираниот самит со арапските лидери во Јордан.
Белата куќа во средата објави дека експлозијата била предизвикана од грешка при истрел од палестинска страна.
Во вторникот вечерта, израелската влада ја обвини палестинската група Исламски џихад, сојузници на Хамас, за нападот, објавувајќи ги прислушуваните телефонски повици и други докази за поддршка на тоа тврдење.
„Не ги знам сите детали, но знам дека луѓето во министерството за одбрана, кои јас ги почитувам, и разузнавачката заедница, кои ги почитувам, велат дека е малку веројатно Израел да го направил тоа“, рече Бајден.
Претседателот помина неколку часа во посета на Тел Авив во знак на поддршка за Израел, откако Хамас неочекувано ја нападна земјата и уби 1.400 луѓе во јужен Израел на 7 октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…
Одборот за мир – иницијативата предводена од…
Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…
Израел гради огромен песочен ѕид за да…
Без никаква јавна најава, Израелските одбранбени сили…
Палестински доктор од Газа тврди дека бил…
Случајот со палестинскиот лекар д-р Хусам Абу…