Озил и Туран со поддршка за Палестина

t

Воениот конфликт меѓу Палестина и Израел зема многу човечки животи, а тоа предизвика реакции и од познатите личности во светот, меѓу кои се и фудбалерите. Последни кои реагираа преку социјалните мрежи се Арда Туран и Месут Озил.

Туран даде поддршка за Палестина и побара прекин на огнот затоа што животот го загубиле голем број невини деца.

„Израел убива цивили, невини деца. Цел свет треба да се соедини и да реагира. Секој што нема да реагира, ќе биде одговорен“, напиша Туран.

Озил преку профилите на социјалните мрежи напиша дека случувањата меѓу Палестина и Израел се вистински кошмар.

„Може ли да постои некоја причина во светот секој ден да фрламе бомби, секој час да умираат невини луѓе!? Дефинитивно не. Ова е кошмар. Каде е хуманоста?“, објави Озил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГРК Охрид го одбрани пехарот на струшкиот…

Во финалето на традиционалниот ракометен турнир што…

Воздушна тревога во Романија: Авион на НАТО…

Романското Министерство за одбрана денес објави дека…

Денес се празнуваат Преподобните Исакиј, Далмат и…

Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…