(Видео) Напнато во Париз: Уапсени демонстранти, запленето оружје, полицијата употреби солзавец

t

Француската полиција денеска до 11 часот уапсила 61 лице и извршила 589 превентивни проверки, откако во Париз ги растера учесниците на два неодобрени марша.

Првиот неодобрен собир во Париз, на кој учествувале околу стотина луѓе, се формирал во близина на железничката станица Гар ди Нор, од каде што демонстрантите тргнале кон улицата Фобур Сен Дени.

Полициските единици за брза интервенција блокирале одредени премини за да го насочуваат движењето на собраните демонстранти. Вториот марш, на кој учествувале околу стотина средношколци, започнал на улицата Рен.

Од вкупно 61 уапсено лице, 21 било приведено пред седиштето на информативниот канал CNews, чии прозорци биле искршени, соопшти париската полиција.

До 11 часот полицијата извршила околу 600 проверки, при што одзела забранета заштитна опрема. За време на безбедносните проверки биле запленети, меѓу другото, лажна полициска лента за рака и нож, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на полициската префектура.

Во Лион, полицајците употребиле солзавец за да растераат околу 300 демонстранти собрани пред Универзитетот Лион 3, нешто по 10 часот. По интервенцијата, демонстрантите почнале да извикуваат: „Сите сме антифашисти“.

Во Марсеј, неколку стотици демонстранти го блокирале сообраќајот и палеле оган во контејнери за отпадоци, додека во Бордо и околината започнале подготовките за протестите најавени за попладнево, пренесуваат медиумите.

Во Марсеј, неколку стотици демонстранти го блокирале сообраќајот на почетокот на авенијата Канебиер, палеле оган во контејнери за отпадоци и користеле димни бомби.

Некои од учесниците носеле жолти елеци и француски знамиња, а поголем собир бил најавен за раните попладневни часови.

Демонстрантите ги поврзале протестите со состојбата во јавните болници и образованието, како и со начинот на справување со климатската криза.

На собирот на неколку стотици луѓе во Валансиен, на северот на Франција, претседателскиот кандидат на Комунистичката партија на Франција, Фабиен Русел, ги повика земјоделците, работниците и средношколците да се обединат и да влијаат врз одлуките на владата.

Утрото во Бордо поминало главно мирно, иако протестите биле најавени за 14 часот на плоштадот Бурза.

Околу 30 млади луѓе подигнале барикада на улицата Кур Балгери-Штутенберг, додека во Лангон десетина демонстранти се собрале на кружниот тек Аквитанија.

Националниот музеј на царината во Бордо сè уште не одлучил дали ќе биде затворен за време на протестите. Одлуката ќе зависи од бројот на учесници.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика граѓаните што ќе учествуваат на протестите низ земјата да ги почитуваат луѓето и имотот и да избегнуваат насилство и вандализам. Париската полиција, пак, забрани непријавени собири во неколку клучни делови на престолнината.

Полицијата очекува на протестите низ Франција да учествуваат меѓу 60.000 и 100.000 демонстранти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Напнато во Париз: Уапсени демонстранти, запленето…

Француската полиција денеска до 11 часот уапсила…

(Видео) „Алах ме испрати да убивам жени“…

Три жени, меѓу кои и една бремена,…

Три жени повредени во напад со нож…

Уапсен е маж осомничен за напад и…

Спектакуларно видео: 1.600 дронови приредија шоу кај…

Париското небо се претвори во огромно светлосно…

Скратено работно време на Ајфеловата кула и…

Ајфеловата кула и музејот Лувр во Париз…