Објавено на:

Медведев: Конфликтот на Блискиот Исток може да се претвори во нуклеарна војна

t

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија предупредува дека конфликтот на Блискиот Исток може да се претвори во стогодишна војна или кратка нуклеарна војна.

Единствениот начин да се реши палестинско-израелскиот проблем е целосно формирање палестинска држава и „исполнување на сите основни политички одлуки од 1947 година“, вели поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Во авторска статија за порталот „Известија“, Медведев предупредува дека конфликтот на Блискиот Исток може да прерасне во стогодишна војна или кратка нуклеарна војна, во која би можеле да се вклучат големите нуклеарни држави.

Тој исто така додава дека шансата сè да заврши успешно во моментот е мала бидејќи „малку луѓе се сега воопшто заинтересирани“ за формирање палестинска држава.

Медведев се осврна и на неодамнешниот напад на болницата „Ал Ахли“ и рече дека тоа е „варварски чин што треба цврсто да се осуди“.

Тој потсетува дека болниците и медицинскиот персонал се заштитени со меѓународното хуманитарно право, но дека тоа не спречило да се случат напади. Многумина се тешко ранети, а голем број од нив може да останат доживотно инвалиди, заклучува тој.

„Се разбира, за нас е многу поважно да постигнеме успех во специјалната воена операција, но она што се случува во Палестина и Израел не може да не нè загрижува. Повторно има војна на Блискиот Исток. Војната е сурова, без правила. Војната се заснова на терор и доктрина за непропорционална употреба на сила против цивили“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…

Собранието денеска ги усвои измените на Законот…