Трајановски: Буџетот може да ги издржи покачувањата на платите во Градот Скопје кои се неопходни поради инфлацијата

t

Покачувањето на платата на вработените во Град Скопје и градските претпријатија е големо растеретување од финансиските и инфлациски шокови, истакна во гостување во ТВ24 заменик-градоначалникот Александар Трајановски.

– Тоа значи дека процентуално сите вработени во градската администрација, вклучувајќи ги и јавните претпријатија ќе ги добијат своите покачувања. Ова е едно големо растеретување од финансиските шокови и инфлацијата на цените на пазарот и куповната моќ на луѓето.

Градоначалникот и оваа администрација навистина се труди да ги испочитува законските мерки за работничките права и луѓето да можат достоинствено да си ја работат работата и да бидат достоинствено платени за тоа. Овие покачувања се законски покачувања кои сметаме дека буџетот може да ги издржи и дека е вистинско време да се спроведат сега, вели Трајановски.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук објави дека платите во Градот се зголемуваат за десет проценти по потпишувањето на колективниот договор со репрезентативниот синдикат на Градот.

Повеќе за зголемувањето на платите во Градот можете да прочитате на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…

Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…