Николоски ја потврди коалицијата! НЕ СДСМ, ТУКУ ДУИ Е ГЛАВЕН ПРОТИВНИК НА ВМРО-ДПМНЕ!

t

И потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска практично ја потврди коалицијата СДСМ-ДПМНЕ, откако во гостување во Само интервју на Канал 5 Телевизија истакна дека не СДСМ, туку ДУИ се најголем противник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јас сум убеден дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претседателските избори, после тоа СДСМ нема да може да најде по 20 луѓе на листа да им се пријават за пратеници, тие ќе бидат во еден тотален аут на политичката сцена, ако гледаме од тесно партиски интереси нас ни одговара одвојување на претседателските од парламентарните избори.

Ако не успеат претседателските избори и ДУИ ги има сите позиции, а сега како што гледате не е СДСМ, туку е ДУИ главен противник на ВМРО-ДПМНЕ, исто така многу ни одговара за да ги извадиме на чисто манипулаците, рече Николоски.

Претходно министерот за внатрешни работи на РМ, Оливер Спасовски, ги потврди тајните средби меѓу Христијан Мицкоски и оран Заев, за кој биле информирани и премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Новинарот Попетревски го праша министерот Спасовски дали бил навреден што тој не бил дел од групата која била на тајни средби со Мицкоски.

– Не бев на таа средба и немам зошто да бидам навреден, јас сметам дека некој во тоа време проценил дека треба да напрваи некаков тим кој ќе разовара за одредени прашања во СДСМ, тоа го направиле, разговарале заеднички и жалам што ги пренесоа тие разговори во јавноста.

На петти јануари во Струмица на ручек Ахмети сака изворно од Заев да слушне што разговарал со Христијан Мицкоски и затоа иницира средба, на која присуствувал и Оливер Спасовски.

– Јас бев на 05.01 во Струмица по повик на Ковачевски кој не присуствуваше на средбата, да бидам присутен и на покана на Заев, вели Спасовски.

Спасовски не исклучува широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што вели дека за евентуална таква коалиција ќе одлучуваат органите на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДУИ да престане со закани кон…

Изјавите на Бујар Османи, Талат Џафери и…

Зајкова демантира дека оди во коалиција со…

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова демантира дека…

Макрадули: Во СДСМ во моментов владее клиентелизам,…

Јани Макрадули, поранешен висок функционер во СДСМ…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

Мицкоски: Обезбедени се 61 пратеник, сега целта…

Можам со задоволство да кажам дека досега…