Објавено на:

Кина бара гаранции за правата на Палестинцитe

t

Специјалниот претставник на Кина за Блискиот Исток, Исток Жаи Јун, ја припишува кризата во односите меѓу Израел и Газа „на недостатокот на гаранции за легитимните, национални права на Палестинците“.

Жаи слета во Катар каде заедно со рускиот пратеник Михаил Богданов ја координираше позицијата на Пекинг со Москва во однос на нивните напори за деескалација на конфликтот во Газа.

Кина и Русија го делат истиот став кога станува збор за палестинското прашање.

-Клучната причина поради која ја имаме оваа ситуација во палестинско-израелскиот конфликт е тоа што на палестинскиот народ не му се гарантирани неговите легитимни национални права, рече Жаи, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин одржа разговори со кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг.

По средбата во Катар, пратеникот Жаи потврди дека Кина е подготвена да ја продолжи комуникацијата и координацијата со Русија за смирување на израелско-палестинскиот конфликт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…

Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…

Рекордна излезност на изборите во Израел: До…

Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…

Излезноста во Израел достигна 16,7 отсто до…

Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…

Израелците денеска гласаат на парламентарни избори, неизвесна…

Граѓаните на Израел денеска излегуваат на парламентарни…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…