Израел се подготвува за „голема војна“: Израелската војска повикала 300.000 резервисти
Израел е свесен дека неговиот одговор на нападите на Хамас на 7 октомври може да предизвика поширок регионален конфликт, што може да биде „голем предизвик“, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), полковник Питер Лернер.
– ИДФ мора да бидат подготвени за тоа“, изјави Лернер за Си-Ен-Ен.
Тој посочи дека армијата повикала „околу 300.000 резервисти за да биде подготвена за евентуален поширок конфликт“.
Лернер рече дека иако резервистите ќе бидат фокусирани на Газа, ИДФ ги зајакнува своите сили долж северната граница со Либан, каде Хезболах, исламистичкото движење поддржано од Иран, имаше неколку судири со израелската војска во текот на изминатата недела.
Портпаролот на ИДФ ја смета либанската влада одговорна за акциите на Хезболах.
– Тоа е суверена држава со контрола на нејзините граници и затоа има одговорност да се осигура дека терористите како Хезболах да не вршат напади против Израел – истакна Лернер.
Тој исто така посочи дека „Хезболах, под водство и охрабрување на Иран, дејствува за да го сврти вниманието“.
Лернер предупреди дека иако единствениот фокус на израелската војска во моментов е „разбивање и уништување на Хамас чекор по чекор“, Хезболах треба „да размисли дали навистина сака да го помине тој праг“ со Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…