Маричиќ: ЕУ нуди конкретен план за забрзана интеграција што го прави реално членството во ЕУ до 2030 година
Според предвиденото темпо, државата бележи напредок во преговорите со Европската Унија, процесот на скрининг е во завршна фаза и интензивно се работи на стратешките документи со клучните приоритети кои треба да го забрзаат реформскиот процес во клучните области токму од кластерот Фундаментални вредности, со цел нивно отворање за време на шпанското претседавање со ЕУ, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешната Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, што Собранието ја организира заедно со ПССЕ.
На Конференцијата, Маричиќ порача дека европската интеграција не е само опција за државите од регионот, туку, таа е најдобра, најразумна и единствена алтернатива за нас. Заживувањето и интензивирањето на интегративниот процес од страна на ЕУ со план и конкретни задачи за членство до 2030 година, според него, ни дава шанса да го постигнеме она што го чекаме скоро две децении, а таа шанса нема да ни биде достапна до недоглед.
Оваа и следната година, тој вели дека се клучни за европската перспектива на нашиот регион.
-Регионот ќе оди напред а ние сакаме Македонија да биде во чекор со другите. Треба да бидеме и должни сме да бидеме дел од оваа успешна приказна што ќе ја испишеме заедно со ЕУ и другите држави од регионот. Верувам дека нема непремостливи пречки. Убеден сум дека Собранието и пратениците ќе бидат на нивото на задачата и ќе водат конструктивен дијалог со кој брзо и ефикасно ќе ги исполнуваме обврските и ќе ги надминуваме предизвиците. Во наш интерес и во интерес на граѓаните е да продолжимне напред и да бидеме обединети во идејата за просперитетен и интегриран регион во ЕУ, порача вицепремиеорто Бојан Маричиќ во своето обраќање.
После 20 години од Самитот во Солун и ветувањата за членство денес, вели тој, не сме сеуште таму каде што сакавме и требаше да бидеме, но секако дека сме на добар пат за да ја оствариме нашата цел. При тоа нагласи дека од големо значење е што ЕУ сега не ја ветува само реторички перспективата на ЗБ во ЕУ туку нуди конкретен план за забрзана интеграција кој го прави реално и опипливо членството во ЕУ до 2030.
-Да очекуваме наскоро и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен да го посети нашиот регион токму во оваа насока. Сите планови документи од нашите европски партнери во врска со пристапувањето на Македонија во ЕУ како и за останатите држави во регионот се многу важни за забрзано надминување на сегашните предизвици со кои се соочуваме во овој процес и ефикасно спроведување на реформите за целосна европеизација на нашето општество, вели вицепремиерот за европски прашања.
Тој го поздави и се поголемиот ангажман токму на ПССЕ кој, според него, има суштинска улога во европската перспектива на ЗБ преку засилување на активниостите на меѓупарламентарна соработка насочени кон зајакнување на демократската отпорност, институционалниот капацитет, одржливоста на реформите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…