Нови закани за бомби на осум аеродроми во Франција, во тек е евакуација
Извештаи за подметнати експлозивни направи во текот на утрото добија аеродромите во Лил-Лекан, Рен, Бове, Тарб, Нант, Безје, Пау и Брест, од кои во тек е евакуација во Рен, Тарбес и Безје.
И во претходните два дена, неколку француски аеродроми добија дојави за бомби, за кои беше утврдено дека се лажни. И Версајскиот дворец и музејот Лувр неодамна беа евакуирани од истите причини.
Денеска е уапсен 37-годишен маж под сомнение дека вчера испратил лажна дојава за бомба во Версајскиот дворец кој поради тоа беше евакуиран, како и уште три пати за помалку од седум дена.
Според ТВ БФМ, осомничениот, кој нема криминално досие, живее со родителите, невработен е, боледува од шизофренија, а полицијата засега не се сомнева во терористички мотиви.
Француската Влада се закани со затворски казни и високи парични казни за оние кои упатуваат закани за бомби, откако серија лажни тревоги доведоа до евакуација на 15 аеродроми и откажување на 130 летови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…