Фон дер Лајен го поздрави отворањето на преминот кон Газа како „важен прв чекор“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави отворањето на граничниот премин од Египет кон Газа, за камиони со хуманитарна помош за палестинската енклава.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави отворањето на граничниот премин од Египет кон Газа, за камиони со хуманитарна помош за палестинската енклава и изјави дека тоа ќе биде „важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе“.
„Го поздравувам отворањето на граничниот премин Рафа кон Газа за хуманитарна помош. Ова е важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе. Им благодарам на сите што го овозможија тоа“, напиша Фон дер Лајен на платформата Икс.
Камиони со хуманитарна помош кои со денови чекаа на египетскиот премин кон Газа почнаа денеска да влегуваат на таа територија, на 15-тиот ден од војната меѓу Израел и палестинската управа Хамас, која е на власт таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…