Палењето на Куранот – причина бриселскиот терорист да убие двајца Швеѓани
Исламскиот терорист Абдесалем Ласуед (45), илегален мигрант во Белгија, кој пред егзекуцијата уби двајца фудбалски навивачи во Брисел, разговарал со родителите за терористичкиот чин што го направил.
Да потсетиме, 45-годишникот беше убиен од белгиската полиција откако со автоматска пушка уби двајца фудбалски навивачи од Шведска. Тој при тој чин извикал „Алаху акбар“.
Мајката на убиениот припадник на ИСИС за една туниска телевизија изјавила дека нејзиниот син ја контактирал пред монструозниот чин и го спомнал палењето на Куранот во Шведска. Наводно, тој зборувал за спроведување „џихад“ и го прашал својот татко дали сака неговиот син да умре, пренесува Sveriges Radio.
Таа спомнала дека нејзиниот син „никогаш не бил ист“ по палењето на Куранот во Шведска и дека таа и нејзиниот сопруг биле „потресени и тажни“ од тоа што се случило.
Патем, палењето на Куранот неодамна стана сѐ поголем проблем за Данска и Шведска. Тие беа соочени со неколку дејствија во кои беа оштетени или уништени примероци. Двајца ирачки активисти осквернавија копија од Куранот во Шведска, што предизвика тензии меѓу скандинавската земја и земјите со мнозинско муслиманско население.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски во ексклузивно интервју за Брајтбарт: Американски…
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во…
Синоќа засилено прскање против комарци во три…
Засилени акции за прскање против комарци синоќа…
Врховниот суд на САД привремено гo одобри…
Американскиот претседател Доналд Трамп доби привремена правна поддршка…
Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…
Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…
Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…
Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…