Светска банка предупредува дека балканот се соочува со недостиг на работна сил

t

Во редовниот шестмесечен извештај, се наведува дека може да се очекува умерено забрзување на економскиот раст на Западен Балкан во услови во кои би следело натамошно закрепнување во Европската унија, што е главен трговски партнер на регионот, додека пониската инфлација треба да придонесе за растот на расположливиот доход и да ја поттикне потрошувачката.

Најголем раст, со стапка од 3,9 отсто, треба да следи следната година во Косово, во Албанија е проектиран на 3,2 отсто, како и во Црна Гора, во Србија на три и во БиХ од 2,8 отсто. Последна е Македонија со очекуван раст на бруто домашниот производ од 2,8 отсто.

Доколку се остварат овие прогнози, БДП на целиот Западен Балкан во 2025 година би требало да расте со просечна стапка од 3,5 отсто, при што Косово повторно ќе води, а Македонија ќе остане на дното на листата.

Во оваа година е превиден просечниот економски раст во регионот на ниво од околу 2,5 отсто, а од СБ посочуваат дека и покрај сите тешкотии, тоа е придружено со умерено намалување на стапката на сиромаштија и отворање нови работни места.

„Просечната стапка на вработеност во овој регион достигна ново историски високо ниво од речиси 48 отсто, а од средината на 2022 година до средината на 2023 година беа отворени 103.000 нови работни места. „Напредокот беше најсилен во Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора“, се наведува во анализата.

Сепак, Светска банка предупредува дека регионот се соочува со недостиг на работна сила и дека тоа е еден од најзначајните проблеми наведени од бизнисмените. Заедно со решавањето на ова прашање, државите од регионот мора да ја забрзаат економската конвергенција со понапредните економии на Европа, како и зелената транзиција и да го зголемат обемот на инвестиции во зајакнувањето на отпорноста на природни катастрофи, вклучително и во земјоделството, според оценка на аналитичарите на СБ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…

Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…

Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…

Вечерва се активни седум пожари, денес на…

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…

Два сребрени и еден бронзен медал за…

Борачите ги донесоа првите (три медали) за…

Трамп: Иран доживува целосен колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…