ХЕЗБОЛАХ ГО ВОВЛЕКУВА ЛИБАН ВО ВОЈНА: Предупредување од Израел по ескалацијата на судирите во пограничната област

t

Хезболх стреми кон воена ескалација во пограничната област ризикувајќи да го вовлече Либан во војна, предупредија денеска од израелската армија обвинувајќи ја либанската шиитска група Хезболах за зачестените судири.

„Хезболах нè напаѓа и го вовлекува Либан во војна од која нема да добие ништо, но во која може многу да загуби“- предупреди портпаролот на израелската армија Џонатан Конрикус на Твитер.

Тензиите на израелско-либанската граница се зголемија вчера по судирите во кои либанското исламистичко движење поддржано од Иран соопшти дека се убиени четворица борци на Хезболах, а Либан го предупреди израел дека „ситуацијата излегува од контрола.

Палестинската вооружена група „Исламски џихад“ соопшти за смртта на еден од своите борци.

Израелската армија информираше дека тројца нејзини војници се ранети, од кои еден потешко.Повредени се и двајца тајландски работници на фарма.

„Дали либанската држава навистина е подготвена да го загрози она што остана од либанскиот просперитет и суверенитет во корист на терористите во Газа, воспоставената Исламска држава во Газа? Ова е прашање што либанските власти мора да си го постават и да одговорат“ – истакна портпаролот на израелската армија

Хезболах е сојузник на палестинската група Хамас, која на 7 октомври изврши крвав напад врз Израел од Газа, во кој беа убиени повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…

Трагедија во Ханиоти: 16-годишно момче од Бугарија…

Голема трагедија го потресе Ханиоти, популарно одморалиште…

Мосад најави дека ќе продолжи со разузнавачки…

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Иран ја потврди смртта на висок воен…

Израелската војска минатата недела тврдеше дека го…