Објавено на:

(Видео) Израел за првпат го употреби ,,Ајрон Стинг” против Хамас

t

За првпат израелските воздухопловни сили (ИДФ) употребија оружје односно прецизен минофрлач наречен „Ајрон Стинг“ во напад против милитантите на Хамас. Минофрлачот првпат беше претставен во 2021 година откако беше тестиран во јужен Израел и почна да се произведува за израелските воздухопловни сили.

ИДФ на платформата Икс (поранешен Твитер) сподели снимка од нападот и додаде дека оружјето е иновативна и прецизна минофрлачка бомба. Оружјето, според објавата, го насочиле ноќта меѓу сабота и недела, кон воен пункт на Хамас користен за напади врз Израел.

Благодарение на прецизноста, смртоносноста и стручноста на борците, единицата Маглан во соработка со воздухопловните сили спречи десетици терористи преку различни средства, од кои еден е прецизниот „Iron Sting“, изјави мајорот Омер Коен, командант на бригадата Магелан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат откако…

Цените на суровата нафта продолжија да паѓаат…

Путин со нов указ: Државата ќе презема…

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со…

Трамп подготвува укинување на околу 200 илјади…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува…

Топло до 38 степени, а потоа невреме:…

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и…

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…