Објавено на:

Израел: Елиминирани пет команданти на воздушните сили на Хамас

t

Израелските одбранбени сили соопштија дека убиле пет команданти во воздушните сили на Хамас во нападите во Појасот Газа во последните денови.

Воздушната команда на Хамас, според израелските одбранбени сили, е одговорна за противвоздушната одбрана во Појасот, а исто така зеде „значајна улога“ во масакрите на 7 октомври во јужен Израел.

На 14 октомври, израелските сили објавја дека го убиле шефот на воздушната команда на Хамас, Мурад Абу Мурад.

Во последните неколку дена, Израел соопшти дека убиле уште четворица команданти во воздушнте сили на Хамас.

Израел ги именуваше како Моат Абед ал Рахман, одговорен за обуката на единицата; Отман Хамдан, командант на противвоздушната одбрана во населбата Тел ал-Хава; Мухамед Алрифи, одговорен за снабдувањето на единицата во градот Газа; и Гасан Шакфух, одговорен за обуката на единицата во северна Газа.

Израел објави видео за кое вели дека покажува напад врз тројца команданти на воздушните сили, како и голем број други оперативци во единицата.

Хагари вели дека воздушните сили денеска ги нападнале местата на Хамас во Појасот Газа, при што биле убиени десетици терористи.

Тој вели дека воздушните напади се фокусирани на населбите околу градот Газа.

„Продолжуваме да удираме со полна сила“, вели Хагари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…

Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…

Рекордна излезност на изборите во Израел: До…

Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…

Излезноста во Израел достигна 16,7 отсто до…

Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…

Израелците денеска гласаат на парламентарни избори, неизвесна…

Граѓаните на Израел денеска излегуваат на парламентарни…

ИЗРАЕЛ ЈА ПОДИГНА ВОЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НАЈВИСОКО…

Израелските вооружени сили ја зголемија борбената готовност…