Столтенберг изрази надеж дека Шведска многу бргу ќе стане членка на НАТО

t

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека се надева оти Шведска ќе биде примена во Алијансата многу брзо.

Тој ја даде оваа изјава откако претходно вчера претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган го потпиша и го достави до Парламентот на ратификација барањето на Шведска за влез во НАТО.

– Го поздравувам испраќањето до турскиот Парламент Протоколот за пристапување на Шведска во НАТО, рече Столтенберг. – Со нетрпение очекувам да и посакам добредојде на Шведска како полноправен сојузник во НАТО многу брзо. Ова ќе ја направи целата Алијанса посилна и побезбедн“, додаде тој.

Столтенберг изрази надеж дека расправата и гласањето во турскиот парламент за протоколот за Шведска ќе се одвива брзо.

Влезот на нова членка во НАТО мора да биде одобрен од сите членки, вкупни 31. Досега кандидатурата на Шведска се уште не е ратификувана од Турција и Унгарија.

Во јули, Турција ги повлече своите приговори за приклучување на Шведска во Алијансата. Таа дотогаш се противеше на членството на Шведска поради загриженоста за напорите на владата во Стокхолм за борба против исламофобијата, како и за активностите на курдските групи во оваа скандинавска земја.

Шведска и Финска се откажаа од децениската воена неутралност откако рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските трупи да ја нападнат Украина во февруари 2022 година.

Финска се приклучи на воената алијанса во април, додека не е јасно кога Шведска ќе може да се приклучи. Унгарскиот премиер Виктор Орбан во мај изјави дека односите меѓу Унгарија и Шведска мора да се подобрат пред Будимпешта да ја одобри кандидатурата на скандинавската земја за членство во НАТО.

-Политичките односи меѓу Унгарија и Шведска се ужасно лоши. Не сакаме да внесуваме конфликти во НАТО, рече тогаш Орбан. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…