Кинескиот министер за одбрана e разрешен

t

Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу е сменет од функцијата, објави кинеската централна телевизија.

На шестата седница на Постојаниот комитет на кинескиот парламент, Ли беше сменет и од функцијата член на Државниот совет на Народна Република Кина.

Поранешниот министер за одбрана не е виден во јавноста од крајот на август, кога зборуваше на кинеско-африканскиот форум за мир и безбедност. Волстрит журнал на 15 септември објави дека Ли Шангфу е под истрага за корупција и најверојатно ќе биде отстранет. Тој е вториот кинески министер кој ја презеде функцијата по седницата на парламентот во март годинава и беше предвреме сменет од функцијата по долго отсуство од очите на јавноста.

Кинескиот парламент, исто така, го разреши министерот за финансии на земјата и го назначи за секретар на Комитетот на партијата на провинцијата Шанкси Лан Фоан.

„Лиу Кун беше сменет од функцијата министер за финансии, на негово место беше назначен Лан Фоан“, се вели во телевизискиот извештај по седницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев лут на ЕП за критиките за…

Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…

Петровска: На СДСМ му треба лидер со…

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…

Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…

Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…

Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…

Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…