Израел: Хамас купува ПР поени со ослободувањето на двајцата заложници
Во пораката испратена до израелските новинари во име на „дипломатски извор“ Хамас се обвинува дека ги имитира нацистите во обидот да добие ПР поени со ослободувањето на двајца повозрасни израелски заложници.
„Како што нацистите правеа инженерски и организирани тури до Црвениот крст на „чист“ концентрационен логор, за да го измамат светот и да се претстават себеси како хумани, така и Хамас, додека касапат бебиња, силуваат жени и пукаат во деца, се обидуваат да се претстават како хумани со ослободување на некои заложници“, се вели во владиното соопштение, повикувајќи се на Терезиенштад.
„Светот не може да ја купи пропагандата на Хамас. Хамас е полош од Исламска држава. Хамас е новите нацисти“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…