Владата го зголеми бројот на македонски војници во Косово
Владата донесе одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.
Со одлуката е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата „КФОР“ во Република Косово со дополнително испраќање на еден вод од 35 лица. Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Република Косово.
За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на Армијата за период од шест месеци, сметано од ноември 2023 до мај 2024 година.
Со оваа измена на Одлуката, вкупниот број со кој ќе учествуваме во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…