СЕ СПРЕМА ЛИ ТРЕТАТА ПАЛЕСТИНСКА ИНТИФАДА? Хезболах се сретна со Хамас и со Исламски Џихад

t

Третата интифада – третото востание на Палестинците против Израел под водство на сегашниот лидер на Хамас Махмуд Абас, или пак без него, ќе зависи од приликите и во Западниот Брег, пишува Форин Аферс во своја анализа. Текстот ги анализира превирањата околу наследникот на 87-годишниот Абас и како тоа, спротивно на очекувањата, може да ги откочи условите за востание.

Истовремено, лидерот на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Нарсала, се сретна со лидерот на палестинскиот исламски џихад Зијад ал Нахалах и заменик-лидерот на Хамас, Салех ал Арури, јавуваат либанските медиуми. Тие правеле планови „за победа во Газа“ на „оската на отпорот“.

Во претходната, втора интифада од 2004 година, палестински беше Јасер Арафат. Тој гледаше на Хамас како на оружје против Израел. Тој му даваше слобода на Хамас да врши притисок врз Израел кога и како ќе реши, но веруваше дека може да го здроби ако посака.

Во 2005 година Абас го презеде кормилото на Палестина иако ги немаше харизмата, ниту револуционерниоте легитимитет на Арафат. Хамас веќе стана силен и доби на кредибилитет по втората интифада.

Потоа се случи нападот на 7 октомври со кој започна војната. Хамас го нападна Израел. Потоа Израел почна да се одмаздува. По експлозијата во болница во Појасот Газа, Абас го обвини Израел за „грозоморно воено злосторство“ и одби да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

Абас е 87-годишен хроничен пушач и нема јасен наследник. Тој ги потисна своите ривали давајќи им мала или никаква видливост – а камоли можност да развијат свои поддржувачи или политички мрежи. Но, откако ќе умре, коцките остануваат на масата. Можно е да се појават повеќе ривалски лидер, не само од старата гарда, туку и некој помлад лидер – некој што ќе донесе нова перспектива.

Израелците стравуваат дека Хамас ќе го искористи спорот за наследување за да ја зголеми својата моќ, вклучително и обид да ја преземе контролата врз Западниот Брег.

„Сè додека не постои вистински мировен процес или друга надеж за преговарачко решение, Палестинците ќе гледаат на групите кои се залагаат за насилство, како што е Хамас, како подобри лидери, и покрај уништувањето што го носат нивните постапки“, се вели во написот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев лут на ЕП за критиките за…

Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…

Петровска: На СДСМ му треба лидер со…

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…

Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…

Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…

Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…

Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…