Израел ги објави националностите на заложниците на Хамас- повеќе од половината се странци
Повеќе од половината од проценетите 220 заложници држени од Хамас имаат странски пасоши, од 25 различни земји, соопшти израелската влада.
Се вели дека меѓу заложниците се:
• 54 тајландски државјани
• 15 Аргентинци
• 12 Германци
• 12 Американци
• 6 Французи
• 6 Руси.
Се верува дека многумина имаат двојно израелско државјанство, но некои, како Тајланѓаните и петте непалски заложници, речиси сигурно немаат. Тајланд е еден од најголемите извори на работници мигранти во Израел, со околу 30.000 работници вработени во земјоделскиот сектор, според владините бројки.
Израелската влада, исто така, соопшти дека 328 лица од 40 земји било потврдено дека се убиени или исчезнати во нападот на Хамас. Се проценува дека вкупно 1.400 луѓе биле убиени во нападот што го започна Хамас на 7 октомври.
Меѓу другите земји кои претрпеа големи загуби се САД со 34 мртви и пет исчезнати, Украина со 25 мртви и двајца исчезнати, Франција со 23 мртви и еден исчезнат и Русија со 23 мртви и четворица исчезнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…