Советничка од Карпош проба да предизвика хаос, граѓаните ѝ вратија: ДУП-от за Влае да се донесе што побрзо!

t

Сите сакаат модерна метропола, но никој не сака да се гради, или барем не сака додека не добие доволно добра причина за да не му е важно кој, каде и што гради.

Група на политички чинители се обидуваат да предизвикаат врева околу донесувањето на детален урбанистички план во Влае, поточно се работи за градската четврт С3 19 во населбата Влае во општина Карпош.

Советничката во Советот на Општина Карпош, Татјана Стојановска, се обиде заедно со неколкумина други луѓе да предизвика хаос на денешната јавна анкета за предлог-деталниот урбанистички план, со намера да се прикаже дека граѓаните се противат на донесувањето на овој план.

Треба да се напомене дека, според кажувањата на жителите на Влае, дел од луѓето кои дојдоа заедно со советничката воопшто не се жители на Влае. Останатите граѓани кои дојдоа на јавната анкета ѝ се спротивставија на советничката и истакнаа дека бараат што поскоро донесување на планот. Воедно, жителите на Влае дадоа поддршка за градоначалникот Јакимовски за донесување на ДУП-от.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, претходно во гостување во емисијата Тешки муабети на Инфомакс истакна дека сите забелешки од советниците од сите советнички групи во Карпош се прифатени и дека се направени измени на првичниот план. Според Јакимовски попречувањето на донесувањето на овој ДУП е политички инструирано и е на штета само на жителите на Влае.

Меѓу другото, Јакимовски истакна дека најголем противник на планот е Христијан Мицкоски кој и самиот е жител на Влае и му пречело изградба на црква во близина на неговиот дом.

-Јас предвидев црква во Влае, кај плоштадот, но сега ќе ја дислоцираме, предвидена е црква кај споменикот на Кузман Јосифовски-Питу во Козле и предвидена е една некаде кај Градскиот парт за Карпош 1 и 2.

Против црква во Влае е тој што живее блиску до црквата (Мицкоски), тој живее на 150 метри од црквата, ќе му сметале црковните ѕвона. Жена му ми делеше анкетни листови против црква, градинка, зграда, против се.

Ама во Аеродром може згради и тоа не мали, 12-катници, вели Јакимовски кој праша дали Мицкоски барал рекет од 15% од инвеститорот за да се донесе ДУП-от за Влае.

Претходно Инфомакс пишуваше дека Мицкоски узурпира државно земјиште во општина Карпош за да си направи пристапна улица до неговиот дом, одземајќи нешто повеќе од 5 метри од дворот на Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Водовод“: Голем дел од Карпош денес ќе…

Поради дефект денеска без вода ќе останат…

Старица ограбена во Карпош

На 11.06.2024 во 17:50 часот во СВР…

Украден сеф од објект во Карпош!

Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…

Страшно: Основец тепал наставничка и нападнал соученици…

Вчера ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско…

(Фото+видео) Жителите на Ѓорче бараат суспензија на…

Граѓаните на Ѓорче Петров имаат сериозен проблем…